Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРЧКИ МИНИСТЕР: Европа треба да биде отворена за децата од Газа

ГРЧКИ МИНИСТЕР: Европа треба да биде отворена за децата од Газа

Грчкиот министер Јоргос Герапетритис вели дека Европа мора да прими деца од Газа.

Според него, овие деца се трауматизирани и Европа има должност да ги прими. 

„Треба многу јасно да се соочиме со оваа трагедија. Европа треба да биде отворена за повредените луѓе од Газа, но и за децата на кои сега им се заканува глад и други видови опасности“, рече Герапетритис.

Герапетритис бара партнери за проект за привремено доведување на децата во Европската унија и рече дека оваа недела разговарал за идејата со палестинскиот премиер Мохамад Мустафа.

Палестинската терористичка група Хамас на 7 октомври лани го нападна Израел. Потоа израелската армија почна операција во Газа и војната уште трае. 

Израелските сили можеби ги прекршиле основните принципи на законите за војна и не успеале да направат разлика меѓу цивилите и борците за време на нивната воена кампања во Појасот Газа, велат од ОН. 

foto EPA

Слично

Поврзани вести