ГРЧКИ МЕДИУМИ: Денови или часови не делат од разговорот Заев - Ципрас?
Грчките медиуми, повикувајќи се на свои извори прогнозираат дека телефонскиот разговор меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас би можел да се случи во следните денови.
Дел од нив дури објавуваат и „дека се во прашање часови до разговорот“ и дека „Атина очекува позитивен одговор од премиерот Заев“, јавува МИА од Атина.
Mедиумите во Грција, веќе неколку денови пишуваат дека е договорено „Република Северна Македонија“.
Употребата на името, односно ерга омнес е главното прашањето на кое што, според грчките медиуми, Атина очекува позитивен одговор.
Слично
