Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчки медиуми: Бум на сиромаштијата по наредба на Меркел

Грчки медиуми: Бум на сиромаштијата по наредба на Меркел

Платите во Грција се намалувале со 3,1% секоја година. 

„Бум на сиромаштијата по наредба на Меркел и Шојбле", пишува Демократија и коментира истражување на Европската конфедерација на синдикатите и на Европскиот институт на синдикатите. Се гледа  дека меѓу 2009-2016 година платите во Грција секоја година се намалил за 3,1%. 

Весникот нагласува дека овој тренд е валиден и за други земји од ЕУ.

„Сиромаштијата - најлошата форма на насилство", дополнува весникот „Ефимерида тон синдактон".

„Сега ли се сетија на овие седум кошмарни години на меморандуми и ограничувања"-пишува весникот „Контра њуз", сумирајќи анализа на најрепрезентативните синдикат во земјата - Генералната конфедерација на трудот (ГСЕЕ).

Во него се тврди дека реалната невработеност во Грција била 29,6%, а не околу 23% (според Националниот институт за статистика) и дека половина од оние кои работат во приватниот сектор  51,6% биле со плати под 800 евра. 

Слично

Поврзани вести