Грчки ќебапи и салама полни со коњско месо
На пазарите во Грција се продавале ќебапи и салама со коњско месо, соопштија по контролите од организацијата за контрола на храна во Атина. Како што објави грчкиот весник Етнос, овие два продукти биле пронајдени во продавници во северна Грција.
Замрзнатите ќебапи се продавале во пакувања од по еден килограм и саламата од говедско месо позната со трговската марка Дестан во пакувања од половина килограм се спорните производи.
Грчките санитарни власти анализирале 33 продукти, од кои во 4 случаи било откриено коњско месо. Две од спорните проби биле направени на месо увезено во Грција од Романија.
Слично
