Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчката влада размислува за посебна пензиска реформа за земјоделците

Грчката влада размислува за посебна пензиска реформа за земјоделците

Посебни услови за земјоделците разгледува Владата на Алексис Ципрас со цел да се надмине отпорот на секторот поврзани со планираната пензиска реформа во земјата, јавуваат грчките медиуми.

Предложените промени пред неколку недели предвидуваат зголемување на осигурувањата, како и промена на начинот на пресметување на пензиите. Ова ќе ги намали пензиите кои ќе се доделуваат по усвојувањето на реформата. Против оваа идеја, како и против промените во оданочувањето, сепак се изјаснија грчките фармери. Во знак на протест тие ги блокираат патишта во земјата, како и граничните премини на бугарско-грчката граница.

Според „Катимерини“ со цел да се надмине отпорот на секторот Владата ќе предложи нов план за реформа при плаќањето на осигурување за пензиите. Предвидени се три категории на осигурувањата, а против поголем процент како дел од доходот, земјоделците ќе добијат и поголеми пензии.

Според изданието „Та неа“, цитирано од агенциите, ќе бидат предложени и пониски даночни стапки за земјоделците за периодот 2017-2019 година. На пример, стапката на доход за 2017-2018 година се предвидува да падне до 10 проценти. Владиниот закон предвидуваше првично стапка од 14% за 2017 година, 17% за 2018 година и 20% за 2019 година.

Очекувањата се предлозите да бидат разгледани на средба меѓу премиерот Алексис Ципрас и претставници на земјоделците, која ќе се одржи на 22 февруари во Атина.

Во меѓувреме се појавија и шпекулации дека под притисок на кредиторите Владата на Сириза сепак анализира варијанти за намалување и на веќе распределени пензии. Станува збор за пензии во висина од над 2 300 евра месечно. Пред неколку дена „Катимерини“ објави дека „четворката“ институции кои учествуваат во третата спасувачка програма за Грција, пак ветиле да немаат дополнителни фискални барања кон земјата, ако бидат намалени пензиите над 1 500 евра месечно.

Атина треба да ги одобри пензиските реформи, пред да започне првиот преглед на спроведувањето на програмата за спас. Дури тогаш ќе може да се пристапи и кон очекуваните разговори во Грција за преиспитување на долгот на земјата.

Слично

Поврзани вести