Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчката влада е подготвена за договор со кредиторите до 18 август

Грчката влада е подготвена за договор со кредиторите до 18 август

Грчката влада е подготвена за договор со кредиторите до 18 август. Тоа го изјавила официјалната портпаролка на кабинетот Олга Геровасили и додала дека „има луѓе во и надвор од земјата, кои не сакаат договор со кредиторите“.

Подготвени сме за договор до 18 август, изјавила за телевизијата „Скај“ портпаролката, нагласувајќи дека грчката влада е подготвена да направи се што е потребно, па до 18 август во парламентот да биде доставен текстот на новиот договор.

Олга Геровасили сепак, истакнала дека услов за постигнување на решение е партнерите да ги почитуваат постигнатите договори, велејќи дека искуството покажало дека колку поблиску двете земји се до договор, толку повеќе расте притисокот.

Во Европа се уште има силни финансиски интереси кои во партнерство со локалните кругови сакаат Грција да излезе од еврозоната и Европската унија, изјавила таа.

Има луѓе внатре и надвор од земјата, кои не сакаат договор, зборувам за моќни кругови кои сакаат да ја видат земјата надвор од ЕУ од финансиски причини, прецизира грчката портпаролка, споменувајќи за „лобисти, кои се залагаат за враќање на земјата кон драхмата“, претставувајќи „странски интереси, поддржани од локалните кругови“.

Запрашана за веројатноста за избори во Грција под услов владиното мнозинство да падне под 120 пратеници по гласањето на претстојниот договор со кредиторите, портпаролката изјавила дека „избори се можни и дека такви ќе има кога ќе е потребно“.

Слично

Поврзани вести