Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчката ултра левица дава знаци дека не е се така безнадежно кај јужниот сосед

Грчката ултра левица дава знаци дека не е се така безнадежно кај јужниот сосед

По бројните јавни провокации, навредливи изјави, ширењето омраза против Македонија и македонците, објавата на шокантни постери на неофашистите, конечно од Грција стигнуваат знаци дека не е се така безнадежно кај јужниот сосед иако истите доаѓаат од страна на ултра левицата која можеби ова го прави само за да се конфронтира со радикалната десница и грчкиот неофашизам.

Во Атина се појави графит за единство на Балканот со испишување на имињата на трите држави Албанија, Македонија и Грција без никакви националистички навредливи пораки. 

Исто така грчката левица која утре ќе одржи контра протест испрати постери и на македонски јазик велејќи дека рамо до рамо треба да се спротистават на фашизмот за мир на Балканот.

Повеќе антифашистички групации, меѓу кои комунисти, социјалисти и антихристи утре ќе протестираат пред како што се најавите масовниот националистики собир на кој ќе биде испратена порака дека „Македонија е грчка“.

Слично

Поврзани вести