Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчката полиција ги наполни болниците со употреба на застарен нервен гас

Грчката полиција ги наполни болниците со употреба на застарен нервен гас

Грчката полиција користела застарен нервен гас надвор од употреба со што ги наполнила атинските болници со демонстранти кои се жалеле на повреди и болки по протестот против ратификација на Преспанскиот договор, наведе во својот официјален извештај атинската здравствена организација ЕАС.

Џорџ Патулис, претседател на ЕАС, посочува дека постојат сериозни поплаки дека биле користени опасни хемикалии за растерување на толпата, а одговорноста им се препишува на безбедносните служби.

Медицинската асоцијација денеска поднесе тужба пред јавниот обвинител "за употреба на опасни хемикалии за воспоставување на јавниот ред при мирен протест што резултира со ризик за здравјето и животот на нашите сограѓани", потврди претседателот на ЕАС, Јорго Патулис..

"Интервенцијата со нервни гасови беше опасна за животот и здравјето на сите граѓани, кога тони хемикалии беа фрлени на демонстрантите, а Атина се претвори во опасна гасна комора, со цел да се замолчат стотици илјади наши сограѓани, мирно демонстрирајќи во одбраната на нашите национални интереси ", рече Патулис.

Многу од демонстрантите кои дошле во контакт со хемикалиите во болниците се пожалиле на проблеми со респираторниот систем и со видот. 

Анализата на ампулите што се користеле покажала употреба на застарен CS нервен гас, познат како солзавец што, според Грчкото здружение на хемичари, е класифицирано како хемиско оружје со многу сериозни ефекти врз човечкото тело.


Слично

Поврзани вести