Грчката облека се произведува во Бугарија и Македонија
Стотици грчки компании во последните години за производство на облека се преселија во други земји на Балканот, каде што цената на трудот е помала, пренесоа изданието "Грик репортер".
Според анкетата спроведена од Грчкото здружение на компаниите во модната индустрија на крајот на 2012 година, 23 отсто од грчкото производство на облека се произведувало на територијата на Грција, а 77 отсто, надвор од земјата.
Бугарија е со највисок удел на произведената облека, со 57 отсто од грчкото производство надвор од територијата на земјата, на второто место е Македонија, а потоа следи Кина.
Слично
