Грчката локалната самоуправа рекордер во лошо управување со државни средства
Локалната самоуправа во Грција е шампион во лошо управување со државни средства и кршење на законите, објави електронското издание на грчкиот весник „Имерисија“.
Извештајот на ресурниот контролен орган покажува дека корупцијата и расфрлањето со државни средства во земјата не е запрено и во првата година од спроведувањето на договорот со меѓународните кредитори на Атина, односно во 2010 година.
Според претседателотна органот Јоанис Каравокирис во конкретната година ресурниот контролен орган успеал да блокира незаконски трошоци во вредност од 146,5 милиони евра.
Проверката утврдила трошење на пари за погреби, плаќање на прекувремена работа на пензионери, купување на пури, подароци и мобилни телефони, како и плаќање на трошоци за прослави.
Наспроти економската криза и договорот за штедење со меѓународните кредитори државниот механизам изгледа функционира по старите методи во однос на понудата и директното доделување на услуги, незаконското именување луѓе на работен договори и давањето незаконски надоместоци на советници, наведува весникот.
