Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчката криза ги затвора бугарските продавници

Грчката криза ги затвора бугарските продавници
Кризата во Грција ги затвора продавниците во градот Сандански, во југозападниот дел на Бугарија, каде што Грците беа чести и добри клиенти, јавува атинското радио Скај. Градот со 27.000 жители на 20 километри од границата , пред неколку години економски "цветаше" првенствено затоа што жителите на Солун и други градови во северна Грција, масивно за викенд доаѓаа на шопинг , оставајќи значителен износ на бугарскиот пазар на прехранбени производи, облека, апарати за домаќинство... Радио Скај, со народната поговорка "Кога на соседот не му е добро, ни тебе не може да ти биде ", ја објаснува констатацијата на бугарскиот весник Стандард која вели дека за неколку дена од почетокот на 2014 година, затвориле десетина продавници во Сандански , поради банкрот на сопствениците, и на крајот на 2013 пропаднале веќе дваесетина. "Од 20 јануари (кога ќе бидат доставени финансиските извештаи за 2013 година) следува бран на банкротства , а туристичкиот пазар е мртов. Состојбата од година во година е се полоша. Бројот на посетители од Грција, драстично е намален, а оние кои се уште доаѓаат, купуваат многу помалку од порано ", вели еден локален трговец за Стандард, Стојан Кандишки. Сандански во времето на војните во Југославија во 90-тите години беше на работ на високопрофитабилни зони во Бугарија за претовар, препакување и " дотерување на документација" на разни стоки чиј што промет во тоа време беше ограничен поради војната и санкциите.   А.А.
Слично

Поврзани вести