Грчката крајбрежна стража спаси неколку десетици мигранти
Грчката крајбрежна стража спаси неколку десетина мигранти откако нив ниот чамец се насукал на пуст остров во близина на југозападниот брег.
Околу 70 лица се наоѓале во чамецот кој се насукал ноќесна на малиот остров Сапиенца, кај југозападниот врв на Пелопонез.
Спасувачите ги префрлиле мигрантите на копно каде ќе бидат регистрирани.
Истовремено, владата објави дека во последните 24 часа на грчките острови пристигнале 261 мигрант, што е скок во однос на претходно кога дневно доаѓале помеѓу неколку десетци и 150.
Најмногу дошле на островот Лезбос, а потоа на Хиос, Самос, Лерос и Карпатос.
Според официјални информации, во Грција во моментов се наоѓаат нешто повеќе од 58 000 мигранти.
Слично
