Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчката електродистрибуција сака да гради хидроцентрали во Македонија

Грчката електродистрибуција сака да гради хидроцентрали во Македонија
Грчката државна компанија за електродистрибуција ДЕИ најавува нов обид да го добие тендерот за изградба на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“. Првиот човек на компанијата Артурос Зервос вели дека ќе аплицираат на владин тендер во Македонија за изградба и одржување на хидроцентрали и така да влезат на македонскиот пазар. „Во рамки на обидот за стратешкото проширување на ДЕИ надвор од Грција одблиску ги следиме случувањата во врска со проект во БЈРМ, кој се однесува на проектирање финансирање изградба, функционирање и одржување на две нови хидроцентрали, како и одржувањето на една веќе постоечка единица“, истакна Зервос говорејќи за делата и идните проекти на компанијата на конференцијата „Инвестирање во енергија 2014“ во Атина. Тој е убеден дека ДЕИ ќе биде еден од најсилните учесници на тендерот за хидроцентралите, за чија изградба оваа компанија се пријавува уште од 2011-та. Покрај обидот за влез на македонскиот пазар, ДЕИ отвара свои подружници и во други држави во регионот со цел освојување на нови пазари за електрична енергија, пред се во Бугарија и во Турција.
Слично

Поврзани вести