Грчката економска криза ќе се „лечи“ со нови 10 милијарди евра
Третата транша за Грција се очекува да биде многу помала од претходните две и ќе изнесува десет милијарди евра.
Евро-комесарот за енергетика и член на германската конзервативна партија на канцеларката Ангела Меркел, Гуентер Оетнгер, посочи дека третиот пакет помош би требало да биде доволен за да го покрие периодот од 2014 до 2016 година.
Европските партнери и Меѓународниот монетарен фонд досега на Грција и’ ставија на располагање 240 милијарди евра.
Слично
