Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчката економија има кондиција за втор целосен карантин

Грчката економија има кондиција за втор целосен карантин

Грчката економија може да издржи втор целосен карантин. 

Со вакво тврдење излезе министерот за финансии Христос Стајкурас за грчката телевизија„Скај“. 

Тој објасни дека во меѓувреме, по првите рестриктивни мерки Владата „изгради ликвидност за да биде во можност да се справи со тешкотиите“, што евентуално би се појавиле, јави дописничката на од Атина. 

Во однос на тоа дали се подготвуваат за втор карантин, Стајкурас објасни дека тоа не е тема за која одлучува Министерството за финансии, додавајќи дека Владата носи одлуки согласно препораките на експертите. 

„Јасно е дека сме подготвени да го издржиме товарот на евентуална владина одлука за да ги ограничиме можните неповолни економски и социјални последици“, изјави Стајкурас. 

Грција во овој момент располага со 37,7 милијарди евра, но секоја седмица се менуваат податоците. 

Во европските земји се враќаат рестрикциите. 

Слично

Поврзани вести