Грчката берза останува затворена и денес
Грчката берза останува затворена и денес, но може повторно да почне со работа утре по речиси едномесечна пауза, објавија извори од грчкото Министерство за финансии.
„Сигурно е дека нема да се отвори во понеделник, можеби во вторник“, изјавил претставник на берзата, кој побарал анонимност.
Друг извор исто така, потврдил дека грчките власти си имаат поставено за цел берзата да отвори утре.
Таа беше затворена на 29 јуни, кога Грција престана привремено со работата на банките во земјата, наметнувањето контрола на капиталот за да се спречи извлекувањето на депозити во екот на кризата во преговорите со кредиторите на земјата.
Слично
