Грчката берза ќе проработи повторно во понеделник
Високите ревизори на ЕУ и ММФ денеска ги одржуваат првите средби со грчките министри за финализирање на нова тригодишна спасувачка програма, а берзата во Атина се подготвува повторно да се отвори откако остана затворена повеќе од еден месец.
Берзата во Атина ќе ја закрепне трговијата во понеделник, откако престана со работа на 26 јуни. Тогаш должничката криза ја принуди владата да наметне капитална контрола и да ги затвори банките.
Иако преговорите за спасувањето на Грција се во тек, ММФ објави дека ќе се вклучи само под одредени услови, вклучувајќи ја и сеопфатната програма, за намалување на долгот и економските реформи.
Во Атина ревизорите се сретнаа со грчките министри за финансии и економија во рамките на преговорите, насочени кон рекапитализација на банките, приватизација и други фискални цели, изјавило министерството за финансии на Грција.
„Има кохезија по некои прашања. Дискусијата се одржа со добра атмосфера и разговорите во овој дух ќе продолжат“, изјавил министерот за финансии Евклид Цакалотос.
Владата се надева дека ќе се договори со кредиторите пред 20 август, кога ќе треба да плати 3,4 милијарди евра на ЕЦБ.
