Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчката армија се враќа на албанската граница

Грчката армија се враќа на албанската граница
Од први јануари повторно ќе се вратат грчките војници на грчко-албанската граница. Според албанските медиуми,  грчката армија ќе ја чува границата заедно со граничната полиција. Оваа одлука грчката влада ја донесе поради инцидентот во регионот на Преспа, кога еден грчки граничен полицаец и двајца албански државјани загинаа во меѓусебна престрелка. Граничарите се загрижени и поради честите обиди за шверц на дрога, пишуваат медиумите. Според најавите, грчките војници ќе бидат распоредени во Преспа, од каде ќе бидат лоцирани на целата граница од 600 километри.
Слично

Поврзани вести