Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчката „Алфа Банк“ се спаси од национализација

Грчката „Алфа Банк“ се спаси од национализација
Грчката, „Алфа Банк“, соопшти дека успеала да привлече доволно инвестиции од приватниот сектор, што ќе и овозможи да избегне национализација. Вкупната потреба на „Алфа Банк“ изнесува 4,57 милиони евра, а банката со продажба на акции на приватни инвеститори успеа да обезбеди 457 милиони евра. Извршниот директор на банката, Јанис Костопулос рекол дека е среќен што тие се првата грчка банка што успеала да прибави средства од приватниот сектор во рамки на докапитализација на банките.  Тој навел дека докапитализацијата на Алфа банка е пример за доверба во иднината на грчкиот банкарски сектор и вкупната грчка економија со што обезбедува пат за враќање на земјата на меѓународните пазари. Грчките банки примаат помош од Националниот фонд за спас и за да избегнат национализација, од приватни инвеститори мора да приберат една десетина од вкупно потребните средства за докапитализација.    
Слично

Поврзани вести