Грчка Флорина и Демир Капија развиваат заедничка стратегија за туризам
Во посета на општина Демир Капија денеска беа претставници на грчката Стопанската комора од Флорина за да видат како тече изградбата на регионалниот тренинг центар за туризам и вмрежување во туризмот. Оцој проект за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција е финансиран од Европската Унија со околу 300 илјади евра.
Според Виолета Јанкова, советник за туризам во Демир Капија, центарот ќе биде единствен од ваков вид на Балканот. Таа појасни и дека со гостите од Грција се разговарало за стартот на обуките за локалното население од двете страни на границата, како и за идно заедничко учествуво сп два проекти на новиот повик за прекугранична соработка.
Според најавите, двата проекти вредат над еден милион евра, а се однесуваат како на развој на туризмот, така и на заеднички развој на земјоделството.
