Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчка делегација доаѓа на средби со политичкиот врв

Грчка делегација доаѓа на средби со политичкиот врв

Алтернативната министерка за надворешни работи на Грција доаѓа на средби во Скопје.

Дополнително зајакнување на односите меѓу двете земји по потпишувањето на Договорот од Преспа е целта на посетата на Скопје и средбите со политичкиот врв, на алтернативната министерка за надворешни работи на Грција, Сиа Анагностопулу, информираат од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина.

Таа вечерва ќе пристигне во Северна Македонија, а во текот на утрешниот ден ќе оствари средби со премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи.

Во делегацијата ќе бидат и пратениците Теодора Ѕакри и Јоанис Сифакис, како и Генералниот секретар за европски прашања и други службеници од Министерството за надворешни работи на Грција.

Слично

Поврзани вести