Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грант од 20,7 милиони евра за изградба на рурална инфраструктура

Грант од 20,7 милиони евра за изградба на рурална инфраструктура
Министерството за финансии овозможи добивање на грантови – неповратни средства, во висина од 260 илјади евра за стимулирање на руралните општини во изградба на инфраструктурни проекти. Средствата се наменети за инвестиции во инфраструктурни проекти за водоснабдување, собирање и третман на отпадни води (пречистителни станици и системи за отпадни води со капацитет за популација помеѓу 2.000 и 10.000 жители), управување со цврст отпад, изградба или реконструкција на локални патишта и улици, основна инфраструктура за достапност до електрична енергија, обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност,… Од Министерството за финансии велат дека целта на проектот е да го подобри квалитетот на живот во руралните средини, да ги намали разликите помеѓу урбаните и руралните општини во поглед на социо-економскиот развој и да ја подобри конкурентноста на руралните средини. Вкупниот фонд на грантот за рурална инфраструктура е 20,7 милиони евра од кои 15,5 милиони евра се обезбедени од средства од ИПА, а останатите 5,2 милиони евра се од буџетски средства.
Слично

Поврзани вести