Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Гранит“ со нова рекордна годишна цена, акцијата на „Комерцијална“ падна најниско во седум месеци

„Гранит“ со нова рекордна годишна цена, акцијата на „Комерцијална“ падна најниско во седум месеци
„Алкалоид“ и понатаму стабилно над маргината од 5.000 денари, сега со двојно поголем промет од реализацијата во претходната седмица „Гранит“ со нова рекордна годишна цена, „Комерцијална банка“ падна на најниско ниво во последниве седум месеци и за прв пат се тргуваше под маргината од 2.000 денари за акција, а „Алкалоид“ и понатаму стабилен над ценовната маргина од 5.000 денари за акција и со двојно повисок промет од минатата седмица. Ова се клучните настани кои ја одбележаа последната петдневна трговска недела во 2014 година. Најтргувана акција и оваа седмица беше блу-чипот „Алкалоид“. Ценовната маргина од 5.000 до 5.050 денари, прометот 8,8 милиони денари – двојно повисок од претходната седмица. Тоа е показател дека „Алкалоид“ е посакувана акција и на ова ценовно ниво, а купувањата покажуваат дека има инвеститори кои очекуваат дека нивната стартна позиција од 5.000 денари за акција во период на три-четири месеци пред објава на дивиденда ќе донесе профит, изразен во капитална добивка од „купи-продај“ или од дивиденда, што ќе биде повисок од вложувањето во краткорочна позиција во банкарски денарски депозит. Останува да видиме како ќе се тргува акцијата на „Алкалоид“ во идниот период особено во јануари - месецот што на берзата знае да биде со ниска или најниска ликвидност. Можеби тие што продаваа во оваа и во претходните трговски недели беа мотивирани токму од тоа што очекуваат пад на цената на таа акција до ниво под маргината од 5.000 денари кое на кратки позиции ќе им овозможи „купи-продај“ опција што ќе донесе повеќе профит од денарски депозит. Особено позиционирањето пред објавата на дивиденда за 2014 година. „Комерцијална банка“ беше трета, по „Гранит“ според остварениот промет оваа седмица и беше далеку за „Алкалоид“. Нејзиниот промет беше 2,76 милиони денари, се тргуваше пет дена, а во петокот со мала количина акции ја проби и падна под ценовната маргина од 2.000 денари за акција. Продавачите беа поактивни и понестрпливи од купувачите. Доказ за тоа е и фактот што акцијата се тргуваше во ценовна маргина од 2.050 до 1.915 денари за акција. Тоа е пад од 6,5 отсто во период од пет трговски дена. Тоа е голем пад за таа акција иако уште еднаш мора да се потенцира дека во петокот маргината „2.000 денари за акција“ беше пробиена со стотина акции. Останува да видиме дали ќе продолжи надолниот тренд и до кога. Дали таа акција ќе стане атрактивна за трејдерите на кратки позиции во овие околности и ваква понуда на Официјалниот пазар? Останува да видиме. „Гранит“ ја проби маргината од 580 денари за акција и во петокот допре до 585 денари, цена на која и го затвори тргувањето оваа седмица. Во петокот беа истргувани помалку од 1.500 акции. Сепак забележана е рекордната цена од 585 денари за акција. Неделниот промет на „Гранит“ изнесува 3,57 милиони денари. Вредно за напоменување е и тоа што цената наакцијата на „Витаминка“ продолжува да расте иако ликвидноста е изразено ниска. Таа акција се тргуваше на 24 и на 25 декември и постигна нова рекордна годишна цена од 9.000 денари з акција. Беа истргувани вкупно 44 акции. Истотака највисока годишна цена оваа седмица имаше и акцијата на „Македонијатурист“ –тргувана на ниво од 3.900 денари за акција. Прометот од тридневното тргување е  583.800 денари, а новата рекордна годишна цена беше постигната во петокот со количина од 100 акции. На сегментот „задолжителна котација“ очекувано најчесто тргувана беше акцијата на „Македонски телеком“ со промет од 3 милиони денари и во ценовна маргина од 282 до 290 денари за акција. Акција со најголем промет на тој сегмент оваа седмица беше скопски „Трготекстил малопродажба“ со промет од 5 милиони денари за 6 отсто од акциите.      
Слично

Поврзани вести