Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гранит ќе дели добивка, ќе има и за акционерите и за менаџерите

Гранит ќе дели добивка, ќе има и за акционерите и за менаџерите

Градежното друштво Гранит АД Гранит Скопје донесе одлука на која начин ќе ја распредели добивката од 234 милиони денари остварена во 2016-та година. 

Според одлуката на собранието на акционери најголем дел од вкупно 77,5 милиони денари ќе се распредели како дивиденда. Со тоа бруто износ на дивиденда по акција ќе изнесува 28 денари. Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2016 година е 27 јуни 2017-та, а прв датум на тргување без право на дивиденда е на 28 јуни годинава. Исплатата на дивиденда ќе започне од 22 септември.

Гранит реши да го награди својот менаџерски тим и раководен кадар кој за добрите резултати ќе си подели меѓу себе точно 26 милиони денари.

Преостанатиот дел од добивката кој изнесува 130,4 милиони денари ќе биде реинвестиран. 


Слично

Поврзани вести