„Гранит“ исплаќа дивиденда од 16 денари по акција
Градежната компанија „Гранит“ ќе исплати дивиденда за 2013 година во бруто износ од околу 766 илјади евра. Вредноста на дивидендата по акција е 16 денари. Исплатата на дивидендата ќе се врши најдоцна до 30 септември годинава.
Дополнителни 20 милиони денари (325 илјади евра) компанијата издвои за награди на менаџерскиот тим и раководниот кадар. „Гранит“ во текот на минатата година оствари нето добивка во износ од 322.437.207 денари (5,2 милиони евра).
Слично
