Економија, финансии, бизнис

Контакт

Граничниот премин Богородица преполн, патниците чекаат и по еден час

Граничниот премин Богородица преполн, патниците чекаат и по еден час

Сообраќајот низ земјава се одвива без никакви забрани и суви коловози.

Единствено од АМСМ предупредуваат да се внимава на патниот правец Куманово - Крива Паланка каде што се можни одрони.

Исто така, се препорачува внимателност на клисурите и патните правци : Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – Стража, Д.Капија – Удово и Катланово - Велес, стои во извештајот на Авто мото сојузот на Македонија.

Се наведува дека интензитетот на сообраќајот вон градските средини е зголемен, посебно на граничниот премин Богородица каде што патниците чекаат и по еден час за да ја преминат границата.

Надлежните советуваат да се патува во раните утрински часови или во вечерните кога нема да има многу гужва во сообраќајот.

Слично

Поврзани вести