Економија, финансии, бизнис

Контакт

Граѓаните во БиХ веќе нема да носат маски на отворено

Граѓаните во БиХ веќе нема да носат маски на отворено

Во БиХ веќе не е задолжително носењетo маски на отворено. 

Владата на Федерацијата БиХ  денеска одлучи да ја укине мерката за задолжително носење маски на отворено, освен на местата каде не е можно да се одржува растојание.  Маските ќе бидат задолжителни само на места како што се пазарите, пероните, автобуските, трамвајските и тролејбуските станици. Одлуката е донесена на предлог на Кризниот штаб и таа е конечна, информираше Владата на БиХ. На ниво на Федерацијата БиХ, седумдневната инциденца изнесува 145 случаи на 100.000 жители, а ситуацијата во Херцеговско-неретванскиот, Западнохерцеговскиот и  Посавскиот кантон е особено загрижувачка. Досега во БиХ починаа 8.512 луѓе од вирусот. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести