Граѓаните треба да го пријават Бандиќ ако зборува со сведоците во случајот против него
Случајот на градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ е преседан за хрватското правосудство од повеќе аспекти. Имено, заедно со кауцијата, судот му одреди и мерки за претпазливост за да биде пуштен на слобода, но не знае како и која институција треба да го контролира нивното спроведување.
Она што е познато е дека Бандиќ не смее да оди во својата канцеларија, во Градското собрание ниту да ја извршува функцијата градоначалник. А комуницирањето со сведоците во процесот против него нема да го контролира ниту една институција, туку обичните граѓани од кои се очекува да пријават доколку го забележат градоначалникот како разговара со некој од сведоците.
Ако тоа се лучи, тогаш надлежното обвинителство, во конкретниот случај УСКОК, ќе му достави на судот предлог да се укинат мерките и да се одредеи истражен затвор, појаснуваат адвокатите.
Нејасно е како кон Бандиќ треба да се однесува неговатза заменичка на функцијата Сандра Шваљек. За судот тоа е фактичко прашање за кое не може да се одлучува врз основа на претпоставки, туку зависи од ситуацијата. Начелно Бандиќ може да се среќава со Шваљек доколку таа не е предложена за сведок.
Што се однесува до влијанието врз сведоците, тоа е мерка за претпазливост која е најтешко да се контролира. Вообичаено тоа треба да го контролира полицијата, но со оглед на тоа што во овој случај нема право никого да следи или прислушкува, единствено што може е да ги извести сведоците да пријават доколку Бандиќ ги контактира и дури потоа да се обиде да утврди дали има прекркшување.
Интересно е што покрај сите мерки за претпазливост што ги доби Бандиќ за да излезе на слобода, нема забрана за учество во политичкиот живот, па може дури и да се кандидира за претседател на Хрватска на претстојните избори во оваа земја.
Слично
