Граѓаните си замислуваат дека се поскапува - кажа пратеничката од владејачката Народна партија на Австрија (ВИДЕО)
Пратеничката на владејачката Народна партија на Австрија (ОВП) Ангела Баумгартнер предизвика бура од критики за нејзината изјава дека граѓаните само замислуваат поскапување.
- Чувството дека повеќе не можеме да си дозволиме ништо се шири меѓу граѓаните поради тоа што опозицијата не убедува во тоа со ширење омраза и создавање лоша атмосфера – изјави Баумгартнер во австрискиот парламент.
Wir bilden uns also laut #ÖVP Abgeordneter Angela Baumgartner die Teuerungen nur Ein! Teuerung ist ein Gefühl #Teuerung #OEVPGameOver https://t.co/Nzr5Fo6yBK pic.twitter.com/ln0D0UBveU
— Michi Hillinger (@himi68) November 18, 2022
Ова го кажа пратеничката од говорницата на парламентот, иако инфлацијата во Австрија во месец октомври достигна 11 отсто, и е на ниво какво што не била во последните 70 години. Истовремено, цените на храната и енергијата постојано растат, а голем број граѓани, според истражувањата на јавното мислење, запаѓаат во „енергетска сиромаштија“, бидејќи повеќе не можат да ги платат сметки за струја и гас.
Но, како што пишуваат медиумите, за пратеничката Баумгартнер сето тоа е имагинација, што предизвика гнев кај граѓаните кои бурно и многубројно реагираа на социјалните мрежи.
„Од сега да се чувствуваме богати и проблемот е решен“, е еден од предлозите на граѓаните на тврдењето на пратеничката на ОВП.
Фото: Принтскрин/Твитер