Економија, финансии, бизнис

Контакт

Граѓаните сè повеќе осигурувааат имот од пожар и природни непогоди

Граѓаните сè повеќе осигурувааат имот од пожар и природни непогоди
Во Македонија нема осигурување на кредити и заеми дадени на физички или правни лица. Но затоа, според податоците, склучени се 29 договори за осигурување на загубен приход поради ризик од пожар и други опасности. Бруто - полисираната премија по овој основ изнесува 24.851,120 денари. А, во првата половина од годината нема исплатено штета по овој основ. Лани пак имало 47 вакви договори со бруто полисрана премија од 16.031.000 денари, а за цела година немало исплатена штета по тој основ. За осигурувања на имот од пожар и природни непогоди во првата половина од годинава има склучено 32.204 договори. Најголем дел од договорите за осигурување на имот од пожар се склучени од страна на граѓаните или вкупно 24.781, а 7.423 договори се склучено од страна на правни лица. При тоа, бруто полисираната премија изнесува 268.417.000 денари. Но, бруто полисираната премија на граѓаните е помала и изнесува 38.997 денари, а на правните лица 229.419.000 денари. По овој основ на осигурување, во првата половина од годината исплатени се штети за сума од 69.819.000 денари, од кои 49.654.000 денари се за правни лица, а останатите 20.165.000 денари се за граѓаните. Осигурувања од пожар и други непогоди кај граѓаните Граѓаните за половина година склучиле 13.006 договори за домаќинско осигурување од пожари со бруто полисирана премија од 15.906.000 денари. При тоа има исплатена штета од 4.500.640 денари. За осигурување од пожар на посеви и плодови граѓаните склучиле вкупно 2.193 договори со бруто полисирана премија од 5.884.000 денари. А додека исплатена е штета од 552.000 денари. Во првите шест месеци склучени се два договори со кои граѓаните осигурале  објекти во градба и монтажа. Бруто полисираната премија по овој основ изнесува 26.000 денари. Додека исплатена е штета од 371.000 денари во првата половина од годината. Кај осигурување на градби и нивна содржина склучени се 8.922 договори со бруто полисирана премија од 15.854.920 денари, и во оваа категорија  не влегува домаќинското осигурвање. Во првата половина од годината исплатени се 12.847.020 денари бруто штета по овој основ. Во останати осигурувања има склучени 658 договори со премија од 1.326.000 денари. Исплатена е штета од 1.894.000 денари Осигурувања од пожар кај приватните лица За осигурување од пожар и други природни непогоди на посеви и плодови, приватните лица склучиле 143 договори за половина година. При тоа бруто полисираната премија изнесува 965.000 денари. И во првата половина од годината нема исплатено штета по овој основ. Приватните лица склучиле 4 договори за осигурување на животни од пожар или други непогоди. Бруто полисираната премија изнсува 990.560 денари, а ниту по овој основ не е исплатена штета од почетокот на годинава па до крајот на јуни. Фирмите,  за осигурување на објекти во градба и монтажа склучиле 63 договори, а бруто полисираната премија изнсува 4.326.750 денари. При тоа нема исплатени штети ниту по овој основ за првата половина од годината. За осигурување на градби или нивна содржина, (во што не се вклучени електроенегетски и телокомуникациски претпијатиај) склучени се 6.365 договори . Брито полисираната премија изнсува 140.707.660 денари. За првата половина од годината по овој основ е исплатена штата од 26.189.640 денари. За осигурување на имот од пожар кај електроенергетски препријатија се склучени 154 договори од поетокот на годината. Бруто полисираната добивка изнесува 27.827.440 денари, а додека од поетокот на годината до јуни исплатени по овој основ се штети за сума од 15.926.630 денари. Нити едно претпријатие од телекомуникацискиот сектор од поетокот на годината нема склучено допговор по овој основ. Други осигурувања на имот Граѓаните по друг основ ги осигурале имотите  и тоа со бруто полисирана премија од 99.324.000 денари при што се склучени 18.493 договори.  И приватните лица по друг основ ги имааат осигурано имотите. При што склучени се 7.704 договори договори за осигурување на имотот. По друг основ, граѓаните склучиле 2.565 договори со бруто полисирана премија од 62.591,000 еднари за осигурување на посевите и плодовите. А приватните лица склучиле 267 договори со бруто полисирана премија од  28.582.000 денари за осигурување на посевите и плодовите. При тоа, во првата половина од годинава исплатени се кај граѓаните 4.111.000 денари штета, а кај приватните лица 91.047.000 денари. Граѓаните склучиле 29 договори за осигурување на животните со бруто полисирана премија од  1.219.000 денари, а додека приватните лица склучиле 54 договори за осигурувања на животните со бруто полисирана премија од 4.831,500 денари. Н.С.
Слично

Поврзани вести