Економија, финансии, бизнис

Контакт

Граѓаните почнаа да и го донираат на државата повратот на ДДВ

Граѓаните почнаа да и го донираат на државата повратот на ДДВ

Над 1900 граѓани одлучиле и ги донирале парите кои им се враќаат од повратот на платениот ДДВ односно од скенираните сметки од вчера до утрово. Опцијата наместо да си ги земеш овие пари да ги донираш е од вчера, а корисниците на апликацијата Мој ДДВ можат да изберат дали ќе си ги задржат парите кои ќе се исплатуваат за скенираните сметки за првото тримесечје односно за јануари, февруари и март. Вчера беше најавено дека исплатата ќе почне од 6 мај. Со донацијата се учествува во борбата против Коронавирусот COVID-19.


Во апликацијата МојДДВ на располаѓање се опциите:
ДА ,,го донирам мојот поврат на ДДВ ‘’
и
НЕ ,,благодарам’’.

Физичките лица кои ќе одговорат потврдно даваат согласност за донирање на целиот износ, додека оние кои ќе одговорат негативно ќе имаат можност да го сменат своето мислење до 5 мај 2020 година.


Слично

Поврзани вести