Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ГРАЃАНИТЕ, НЕВЛАДИНИТЕ И БИЗНИСИТЕ ДА ДАДАТ ПРЕДЛОЗИ“: Ѓорѓиевски со повик за креирање на градскиот буџет за 2026 година

„ГРАЃАНИТЕ, НЕВЛАДИНИТЕ И БИЗНИСИТЕ ДА ДАДАТ ПРЕДЛОЗИ“: Ѓорѓиевски со повик за креирање на градскиот буџет за 2026 година

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски ги повика скопјани, невладините организации и бизнисите да дадат свои предлози за градскиот буџет за 2026 година.

„Транспарентноста и отчетноста отсекогаш биле моја водилка. И за време на кампањата кога ја барав вашата доверба, но и кога секојдневно раководев со Кисела Вода. Истото начело го води и градот Скопје денес. Токму затоа, годинава го отвораме процесот на планирање на буџетот за 2026 година заедно со вас, жителите на Скопје, невладиниот сектор, бизнис заедницата и сите кои сакаат да придонесат за подобро, поуредено и пофункционално Скопје. Вашите потреби, ставови и идеи ќе бидат основата врз која ќе го градиме овој важен документ. Работејќи во постојана комуникација со граѓаните, веќе собравме голем број конструктивни предлози“, вели Ѓорѓиевски.
Градоначалникот вели дека во буџетот ќе бидат опфатени и приоритетните капитални проекти што ги најавивме во делот на инфраструктурните зафати, културата, спортските содржини и животната средина.

„Но процесот е отворен и затоа ве повикувам сите партнерски да се вклучите во создавањето на буџетот кој ќе го забрза повторното заживување на нашиот град. Скопје има огромен потенцијал, а со заедничка визија и мудро планирање можеме да го претвориме во град со кој секој ќе се гордее. Во новиот буџет ќе бидат опфатени и приоритетните капитални проекти што ги најавивме во делот на инфраструктурните зафати, културата, спортските содржини, животната средина - подобрувања кои ќе го олеснат секојдневието на скопјани и ќе донесат поголем квалитет на живот. Ова е моментот кога секој може да влијае со конкретна идеја, предлог или забелешка. Верувам дека токму со ова отворено партнерство ќе создадеме стабилна основа за долгорочен развој и силно, достоинствено Скопје. Вашите идеи и предлози ги очекуваме на: gradskibudzet2026@skopje.gov.mk“, повика Ѓорѓиевски.


Слично

Поврзани вести