Граѓаните наседнуваат на лажни наградни игри на фејсбук
Беа КАМ и Тинекс сега и Макпетрол. На социјалните мрежи се промовираат лажни наградниигри, а граѓаните треба да споделуваат објави за да добијат вредни ваучери. Последна од низата е промоцијата за наградна игра на Макпетрол. Компанијата вчера вечерта објави дека тоа не е нивна официјална фејсбук страна и дека креаторот го злоупотребил името и логото на брендот.
„Наградната игра објавена на оваа фејсбук страна не е во организација на Макпетрол АД и претставува ширење на лажни информации, односно доведување на потрошувачите во заблуда.Фејсбук страната со име „Макпетрол Ултра“ не треба да ја прифатите како релевантен извор на информации поврзани со Макпетрол АД, велат од Макпетрол.
Инаку овие објави од прво читање е јасно дека се лажни затоа што се напишани со измешани кирилични и латинични букви.
На почетокот на месецов граѓаните масовно споделуваа објави на КАМ маркети и на Тинекс, па после овие компании демантираа дека тие се организатори на игрите.
Домашниtе банки во неколку наврати ги предупредија граѓаните дека не терба да наседнуваат на секое барање за давање на бројот на картичката на наградни игри.
