Економија, финансии, бизнис

Контакт

Граѓаните на Кипар добија зелено светло да изнесат милион евра

Граѓаните на Кипар добија зелено светло да изнесат милион евра
Доколку граѓаните на Кипар се одлучат за да изнесат одреден износ во странство тоа ќе можат да го направат слободно и истиот ќе биде  двојно зголемен на еден милион евра, соопшти министерство за финансии. Според соопштението  банките и понатаму ќе мораат да поднесат документација која ги оправдува таквите трансфери, пренесува Франс прес. Најновото опуштање на контролата на капиталот доаѓа после завршувањето на планот за докапитализација и реструктуирање на банкарскиот сектор во оваа островска земја. Имено, кипарските власти во март се договорија со партнерите од еврозоната и ММФ за пакет помош, поради кој неосигураните депоненти во двете најголеми кипарски банки претрпеа огромни загуби.  
Слично

Поврзани вести