Економија, финансии, бизнис

Контакт

Граѓаните на Црна Гора нема да носат маски на отворено

Граѓаните на Црна Гора нема да носат маски на отворено

Во Црна Гора граѓаните ќе ги симнат маските на отворено. 

Мерката за укинување на одредбата за маски на отворено ќе важи од сабота до 28 мај. Епидемиолошката состојба е на ниво од јули лани.  Црна Гора претходно ги укина повеќето епидемиолошки мерки по подобрувањето на епидемиолошката состојба во април, а сега останува во сила обврската да се носи маска во затворено и забраната за собирање повеќе од 20 луѓе на истото место. Земјата има 1.566 починати од коронавирусот. Црна Гора не ги смени условите за влез на странски државјани. Maкедонците можат без ПЦР тест да патуваат во Црна Гора. 

Во Србија се очекува  граѓаните летово да бидат ослободени од обврската да носат маски. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести