ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА СЕ ПРИЈАВАТ: Град на Балканот нуди бесплатно летување
Црногорскиот град Херцег Нови ќе доделува бесплатно летување со полн пансион за цели семејства.
Тие ќе ја реализираат акцијата „Херцег Нови те вика“.
Туристичката организација од Херцег Нови се одлучила на ваков чекор поради целокупната ситуација со коронавирусот.
Пријавите за бесплатно летување кои ќе бидат реализирани во втората половина од јуни можат да се направат преку сајтот www.hercegnovitezove.com.
Во пријавата потребно е да се наведат името, мејл-адресата и градот од кој се кандидатите за летување во Херцег Нови.
Сепак, македонските граѓани засега не можат да патуваат во Црна Гора, Хрватска, и БиХ.
Слично
