Граѓаните ќе можат да аплицираат за ваучери во туризам
Oд Министерството за економија најавија дека наскоро ќе објават и јавен повик за сите граѓани кои сакаaт да добијат ваучер за туризам во вредност од 12.000 денари.
Овој ваучер од двесте евра за користење на одмор им следува на сите лица со ниски приходи кои ќе аплицираат на јавниот повик, чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари, а вкупниот буџет за реализација на проектот е 15 милиони денари.
Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека државата ќе продолжи и оваа година да им доделува ваучери за одмор на работниците со ниски приходи, а ќе се одлучува по принципот „прв дојден – прв услужен“.
Основна цел на мерката е да им се овозможи на луѓето со ниски приходи да искористат годишен одмор во туристичките центри во Македонија и да им се помогне на туристичките центри за зголемување на обемот на работа.
