Економија, финансии, бизнис

Контакт

Растот е стопиран, граѓаните се селат: Стопанството бара итни мерки за градежништвото

Растот е стопиран, граѓаните се селат: Стопанството бара итни мерки за градежништвото

Владата итно да превземе мерки за поттикнување на градежниот сектор, затоа што ефектите ќе бидат повеќекратни – тоа ќе влијае на раст на економијата и ќе ја спречи емиграцијата. Стопанството бара државата да се фокусира на зголемување на капиталните инвестиции, но и да креира нови конкрентни проекти со кои ќе се ангажира домашната градежна оператива.

„Креаторите на економската политика мора да ја разберат неопходноста од поттикнување на секторот градежништво, особено затоа што ефектите од него имаат мултипликативен ефект врз економијата и да спречат емиграција од државава, односно да овозможат миграција, вели Анета Димовска, самостоен советник во Стопанската комора.

Тврди дека треба да се подигнат стандардите и градежништвото да се интернационализира.

„Капиталните инвестиции може да се зголемат ако најнапред истите соодветно се планираат за што е неопходна Национална програма за инвестиции во јавниот сектор. Поголем обем на капитални инвестиции може да се реализира и ако се сертифицираат проект-менаџери кои професионално ќе ја следат реализацијата на конкретни капитални проекти и ќе преземаат неопходни активности за нивна подинамична реализација, независно од политичкото раководство во институцијата, вели Димовска

Според неа, без оглед колку негативни коментари предизвикаале проектите „Купи куќа, купи стан“ и „Скопје 2014“, тие имале силно влијание за раст на градежништвото и неговиот удел во Брутодомашниот производ на земјата.

Се бара да се имплементираат еврокодовите кои се европски прописи за градежништво и стандарди од Европската унија за проектирање и градење на сите видови градежни конструкции во согласност со правилата на Европскиот комитет за стандардизација, но и целосно да се примени Законот за градежни материјали, во кој се пропишани стандарди кои мора да ги исполнуваат градежните материјали, дигитализација во градежништвото.

А.Т.


Слично

Поврзани вести