Економија, финансии, бизнис

Контакт

Граѓаните и компаниите преку електронски систем ќе пријавуваат корупција

Граѓаните и компаниите преку електронски систем ќе пријавуваат корупција

Граѓаните и компаниите ќе пријавуваат корупција преку електронски систем. 

На оваа седница е усвоена и информацијата за потребата од потпишување на Договорот за воспоставување на електронски систем за поднесување на електронски поплаки и пријави поврзани со услугите кон јавната администрација.

„Електронскиот систем за поднесување пријави, претставки и предлози ќе овозможи граѓаните и правните лица во секое време да пријават сомнежи за корупција во органи на државната управа, како и да пријават проблеми во постапки за добивање определена услуга“, соопштија од Владата. 


Системот е предвидено да се имплементира како посебен модул во рамките на Националниот портал за електронски услуги преку кој граѓаните и правните лица ќе можат да испратат пријава за било која услуга, институција, како најавени корисници, анонимно и со можност за евидентирање на пријавата и преку телефон.

Слично

Поврзани вести