Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРАЃАНИТЕ БАРААТ ПОЛИЦИЈАТА ДА ГО НАЈДЕ: Маж уринираше врз цвеќето и свеќите оставени за загинатите во Нови Сад

ГРАЃАНИТЕ БАРААТ ПОЛИЦИЈАТА ДА ГО НАЈДЕ: Маж уринираше врз цвеќето и свеќите оставени за загинатите во Нови Сад

Се појави снимка од непознат маж кој вчера среде бел ден уринираше врз свеќите и цвеќето за жртвите од падот на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад, трагедија која се случи лани на 1 ноември, и каде загинаа 15 луѓе. 

Граѓаните побара од властите да го легимитираат лицето

„Чинот на мокрење врз споменикот на нечија трагична, криминално предизвикана смрт претставува најново, најшокантно ниво на ароганција и зло што режимот и режимските медиуми го генерираат со години, денот откако Србија ја одбележа годишнината од масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград и масакрите во Дубона и Мали Орашје, и 6 месеци од уривањето на крошната во Нови Сад“, се нагласува во соопштението на граѓанските здруженија.

Српските граѓани со месеци протестираа барајќи правда за загинатите. Во несреќата загина и македонскиот научник Васко Саздовски. 

Слично

Поврзани вести