Економија, финансии, бизнис

Контакт

Граѓанските организации бараат одложување на изборите

Граѓанските организации бараат одложување на изборите

Повеќе граѓански организации апелираат до амбасадорите на ЕУ и САД дека се уште не се создадени услови за фер и кредибилни избори, како што и се предвидени од Договорот од Пржино.

Институтот за демократија „Социетас цивилис“ Скопје (ИДСЦС), Институтот за европска политика (ЕПИ), Институт за комуникациски студии (ИКС) и Коалицијата Сите за правично судење ги укажуваат следниве напомени:

„Изборната реформа, согласно Договорот од Пржино, се спроведе со најмногу доцнење и тоа 135 дена за компонирањето на новиот состав на ДИК и 40 дена за усвојување на методологиите за прочистување на избирачкиот список. Оттука произлегуваат следните два заклучока:

  1. Проверката и прочистувањето на Избирачкиот список не може да се заврши во преостанатото време и според тоа, невозможно е да се подготви Избирачки список кој ќе гарантира кредибилни избори.
  2. Доекипирањето на ДИК во правниот и ИКТ одделот се уште не е завршено, иако е клучно за успешно остварување на нејзината зголемена надлежност.

Освен тоа, граѓанските организации напоменуваат дека воопшто не е постигнат напредок во реформите на медиумскиот сектор.

 „Регулаторното тело е целосно партизирано; Јавниот радиодифузен сервис е под силен политички притисок; сопствениците на највлијателните медиуми се во клиентелистички врски со власта; информативните редакции на овие медиуми во континуитет известуваат пропагандистички и фаворизирачки за власта и ВМРО-ДПМНЕ.”

Поради ова, овие граѓански организации бараат одложување на изборите се до создавање на услови за кредибилен изборен процес според точките од Договорот од Пржино и Итните реформски приоритети.

Слично

Поврзани вести