Граѓански собир: СТОП за убиствата во сообраќајот!
Група на активисти и велосипедисти ја одржаа 41-та ,,Критична маса” , која ја посветија во чест на сите луѓе кои го загубија животот во сообраќајни несреќи.
Тие се собраа на мирен протестен собир на кој потсетија на двајцата неодамна загинати велосипедисти.
Со пароли ,,Стоп за убиствата во сообраќајот”, „Што пошироки улици, толку повеќе сообраќајки и повеќе крв“, и „Овие улици животи чинат“ тие укажуваа на долгата црна листа на жртви во сообраќајот.
Активистите побараа полицијата повеќе да се ангажира во санкционирање на прекршоците и да обезбеди побезбедно и поефективно урбанистичко и сообраќајно планирање кое ќе ги заштити ранливите.
Инаку, во првите шест месеци годинава на македонските патишта загинале 59 луѓе. Само во јули месец 6 пешаци го загубија животот.
Фото: Мкд.мк
