Економија, финансии, бизнис

Контакт

Граѓански институции: Надлежните институции да постапат според Законот

Граѓански институции: Надлежните институции да постапат според Законот

Во врска со последните случувања , актуелни во земјава , како што е случајот со прислушуваните разговори се огласи и Платформата за борба против корупција која бара надлежните институции да постапуваат согласно Законите.

Од овие граѓански организации велат дека со големо внимание го следат секој чекор на објавуваните прислушуваните телефонски аудио разговори и бараат истите да бидат предмет на истрага поради постоење на основи за сомневање за незаконско прислушување, а со цел утврдување кој ги снимал разговорите и ја нарушил приватноста на граѓаните.

„Бараме содржината на снимките да биде посебно и внимателно испитана, затоа што разговорите укажуваат на можни незаконски активности. Без разлика кој е изворот на снимените разговори, содржината сугерира постоење на корупција, вклучително и масовна злоупотреба на службената положба, што се казниви дејствија за кои се гони по службена должност. Потсетуваме дека под корупција, меѓу другото се подразбира и состојба во која институциите се „приватизирани“ за интересите на политичките партии на власт и поединци и сакаме да укажеме дека тоа доведува до неурамнотежена и нелегитимна политичка моќ која се користи за остварување на поединечни интереси, наспроти општиот и интересот на граѓаните. Таквата состојба, дополнета со состојбата на контролирани медиуми, се нарекува заробена држава, во која е оневозможено владеењето на правото“, велат Граѓанските организации.

Ги повикаа Јавното обвинителство, Државната комисија за спречување на корупцијата , Судскиот совет веднаш да се фатат за работа.

Слично

Поврзани вести