Економија, финансии, бизнис

Контакт

Граѓаните утре на протест: Не ги даваме бомбите! Не ја даваме вистината!

Граѓаните утре на протест: Не ги даваме бомбите! Не ја даваме вистината!

По предлог-законот да се забрани објавување или било какво користење на прислушуваните разговори, граѓанското движење „АЈДЕ” утре излегува на протест во 18 часот пред Собрание.

„Да не дозволиме да ни ја затрупаат вистината. Прислушуваните разговори се историски документи кои го разобличија начинот на владеење во Македонија. Тие разговори мора да останат јавни, да сведочат за едно време и да бидат лекција и поука за да не ни се повтори. Вистината не ја даваме! Стоп за цензурата!” – напиша движењето во повикот на Фејсбук.

Ова следува по денешниот предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, со кој се предвидува сите медиуми да ги избришат објавите поврзани со прислушуваните разговори што ги објави СДСМ. За секој што ќе ги реобјави снимените разговори или ќе ги искористи на било каков начин следува казна од четири години затвор.

Слично

Поврзани вести