Економија, финансии, бизнис

Контакт

Граѓаните тргнаа кон Уставен, за нив правдата е мртва

Граѓаните тргнаа кон Уставен, за нив правдата е мртва
Активистите на Ајде и граѓаните од пред Владата тргнаа кон  Уставниот суд, каде ќе протестираат и ќе го искажат својот револт. Незадоволните граѓани поставија картони на кои пишува „Устав“, а под нив горат свеќи. Толпата тргна кон Канцеларијата на претседателот на РМ којашто се наоѓа во правец на Собранието, а потоа ќе се движи кон судот, каде што веќе кампуваат приврзаници на ГРОМ кои велат дека протестираат во одбрана на Уставот и институциите. 3 На протестот е присутен и претседателот на опозицијата, Зоран Заев, а ќе се приклучат и други помали политички партии, како новоформираната „Левица“. 6 Се предвидува да има ноќно „бдеење“ во пресрет на утрешната седница, која судот во последен момент ја затвори за јавност. Револтираните граѓани се против амнестија на изборен криминал и луѓе осудени за педофилија. 2
Слично

Поврзани вести