Граѓаните се жалат, институциите молчат: Парното ќе ја прелее чашата?!
Потрошувачките права на граѓаните се повеќе се кршат. Иако расте бројот на поплаки од комуналните претпријатија и од фирмте што испорачуваат електрична и топлинска енергија – институциите остануваат неми за проблемите. Најновиот Извештај за потрошувачките права на Народниот Правобраниел открива сериозни прекршувања и нарушувања на правата на граѓаните загарантирани со Устав.
„Граѓаните се соочија со проблеми во однос на пресметувањето на потрошената топлинска енергија преку единствен мерач за сите станари, бидејќи поставувањето на индивидуални мерачи сеуште не е рализирано во целост. Граѓаните се жалеа на нереални и погрешни пресметки, како и на драстично различни пресметки за иста грејна површина“, пишува во Извештајот на правобраниетлот што допрва ќе биде објавен.Граѓаните се жалеле и од квалитетот на услугата.
„Неквалитетната услуга, поточно недоволно затоплените домови и во 2012 та година биле предмет на дел од доставените поплаки од граѓаните“, посочува Омбудсменот.На адреса на Народниот правобранител стасале и голем број поплаки од граѓани што мораат да плаќаат надомест за користење на парно-греење иако не го користат, односно се исклучени од системот. Народниот Правобранител се обратил до Регулаторната Комисија и посочил дека треба да се променат постоечките прописи и правила. Регулаторот возвратил со образложение дека фиксниот надоместок се плаќа поради ангажираната моќност на мерните места.
„И покрај доставените укажувања и информации, состојбата остана непроменета и спорните Правила за снабдување со топлинска енергија сеуште се на сила“.Според Правобраниетелот, исходот од оваа битка на граѓаните најмногу ќе зависи од одлуката на Уставниот Суд од кој е побарано да ја оцени уставноста и законитоста на ова решение за наплата на парното греење. Препораки на Правобранителот Јавните и енергетските компании да зајакнат кадровски и инфраструктурно, да не се злоупотебува монополската положба на пазарот. Народниот правобранител со серија препораки до давателите на услуги. -Да се зголемат напорите за либерализација на пазарот, особено во бизнисот со снабдување на топлинска и електрична енергија. -Измена на Законот за комунална такса за ослбодување на формираните заедници во станбените згради од такса за користење и одржување на јавното осветлување, со оглед дека со ваквата такса е задолжен секој сопственик на заедницата како индивидуален потрошувач на електрична енергија. -Измена на Законот за енергетика за да се овозможи либерализирање на можноста на граѓаните како потрошувачи сами да го избираат операторот, односно фирмата од која ќе се снабдуваат со електрична енергија. Народниот Правобранител потестува дека повредувањето на потрошувачките права е во тесна врска со остварувањето на основните човекови права и токму затоа очекувани се и рекациите на граѓаните поради неквалитетната услуга, нереалното задолжување и конечно задолжувањето за услуга која воопшто не се добива. И Организација на потрошувачи утврди прекршувања Со слични наоди кои упатуваат на сериозни прекршувања на потрошувачките права, неодамна излезе и Организацијата на потрошувачи. Голем дел од неправилностите се однесуваат на начинот на кој Балкан Енерци Груп, новата компанија што го менаџира бизнисот со топлинска енергија и ги снабдува Скопјани со парно греење.
„Спротивно на Правилникот за работа Балкан Енерџи Груп во јануари испорачувал топлинска енергија во 2 часот по полноќ и оваа дополнителна услуга им ја фактурирал на потрошувачите. Дополнителното загревање на топлинскиот систем во 2 часот по полноќ е спротивно на Правилникот за испорака на топлинска енергија,“ констатираат од Организацијата на потрошувачи.Од таму ги повикуваат граѓаните доколку забележат неправилности и нелогичности во своите сметки – веднаш да реагираат!
Слично
