Граѓаните сè повеќе посегнуваат во минусот на картичките
Во период од шест месеци, минусното салдо на тековните сметки , создадено од пречекорување на платите достигна 96,2 милиони евра, објави Капитал.
Граѓаните сè почесто посегнувале по минусот на картичките, главно поради малите плати и зголемените трошоци. Па така за една година, минусното салдо се зголемило за 4,7 осто.
Овој начин на финансирање ним им е наједноставен, но истовремено и најскап. За пречекорувањето на салдото, просечната камата во јуни изнесуваше 11,3 отсто.
За ваквото задолжување банките не се обезбедени со хипотека, ниту со жиранти. Но, во борбата да привлечат што повеќе клиенти, банките најчесто дозволуваат пречекорување на два редовни приливи од плата или пензија.
Слично
