Граѓаните се повеќе им веруваат на “бомбите” на Заев
Граѓаните се повеќе веруваат дека аудиозаписите кои ги објавува опозицијата се автентични, објавија од македонскиот центар за европско образование.
Според резултатите 96 отсто од граѓаните слушнале за аферата со прислушување, а 88% лично го слушале објавувањето на која било од "бомбите" на опозицијата.
"Ова е најдобар показател дека луѓето следат што се случува и сакаат да се информирани", изјави Андреја Стојковски од центарот.
41 проценти од граѓаните сметаат дека записите се направени од македонската тајна полиција, а 22 отсто изјавиле дека снимките се од странски служби.
Повеќе од половина од граѓаните, односно 52 отсто ја прифаќаат содржината на евиденцијата за автентична, а 19 отсто мислат дека снимките се монтирани.
Истражувањето е направено во периодот од 4 до 13 јуни, преку телефонски интервјуа на 1201 лица.
