Граѓаните се почесто бараат совет од „Ало докторе“
48.575 е вкупната бројка на повици ги забелжала телефонска линија медицински совет „Ало докторе“, а само неделава се регистрирани 1.114 јавувања на граѓани.
Според надлежните, граѓаните најмногу помош бараат за кардиоваскулаторни проблеми, респираторни симптоми, главоболки, стомачни вируси и симптомна болка.
Дваесет и двајца доктори стојат на располагање и се достапни секој ден 24 часа со цел да овозможат навремена реакција и консултација во моментот кога граѓаните имаат нарушување на здравјето.
Сите граѓани може да се јават во повикувачкиот центар на „Ало докторе" каде на бројот 15-123 секој ден од 8 до 22 часот и да се консултираат за определена здравствена состојба или симптоми што ги чувствуваат.
– На линијата „Ало докторе“ често се јавуваат граѓани за совети поврзани со терапијата која редовно ја примаат за хроничните болести и за симптоми поврзани со крвен притисок. На сите лица кои побараа медицински совет им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија, се вели во соопштението од Министерството за здравство.
