Граѓаните потпишуваат онлајн петиција „Не за еврообврзницата!“
Онлајн петиција „Не за еврообврзницата!“ се појави на социјалните мрежи, а граѓаните ја потпишуваат во пресрет на најавеното издавање на еврообврзница во износ од 650 милиони евра.
„Јас, одговорна граѓанка/одговорен граѓанин на Република Македонија, изјавувам дека не ја признавам еврообврзницата од 650 милиони евра која Владата сака да ја издаде и дека не сакам да го враќам тој долг во годините кои следуваат“- пишува во текстот на петицијата.
За оваа еврообврзница се бараат инвестори, а камата се проценува дека може да достигне до милијарда евра за враќање.
Повеќето партии веќа алармираа дека ова ќе биде нов долг за граѓаните на Македонија и апелираа да се повлече одлуката.
За власта ова е начин да се внесе свеж капитал во државата по политичката криза.
Петицијата е достапна на следниов линк.
